Дома Фудбал Останато „Нејмар е одличен ама не е ниту во топ 30 фудбалери во Европа“

„Нејмар е одличен ама не е ниту во топ 30 фудбалери во Европа“

Во вторникот благодарение на Нејмар ПСЖ стигна до победа од 1:0 против Лајпциг во рамките од Лигата на шампионите.

Според информациите кои доаѓаат од Франција Нејмар наскоро ќе потпише нов петгодишен договор со ПСЖ. Ако тоа се случи ќе се стави крај на шпекулациите кои го поврзуваат со враќање во Барселона.

Барселона сега е во тежок момент, претседателот Бартомеу си замина и се чекаат изборите на кои ќе се види кој ќе биде новиот претседател на каталонскиот гигант. Еден од кандидатите е познатиот адвокат Тони Фреиска.

„Нејмар е одличен фудбалер, но за мене не е ниту во топ 30 фудбалери во Европа. Ако јас станам претседател тој сигурно нема да се врати во Барселона“, изјави Фреиска.

Кој и да стане прв човек на Барселона, засилувањата сигурно ќе бидат во втор план, главната работа која навивачите ја очекуваат од тој што ќе го наследи Бартомеу е да го убеди Меси да потпише нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Играчите со диктатор како Мурињо се однесуваат како овци“

Поранешниот фудбалер на Ливерпул Стен Колмор го нарече Жозе Мурињо диктатор. Колмор денес …