Дома Фудбал Нејмар го сруши Пеле. Погледнете го голот за историја

Нејмар го сруши Пеле. Погледнете го голот за историја

ЈУЖНОАМЕРИКАНЦИТЕ веќе ги започнаа квалификациите за најголемото натпреварување, три години пред СП.

Почнаа толку рано поради специфичните квалификации на тој континент, што е цела една квалификациска група или лига со 10 селекции.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Така тамошните репрезентации играат дури 18 натпревари во борбата за Мундијалот или речиси двојно повеќе од европските.

Во првото коло Бразил на домашен терен ја победи Боливија со 5:1. Родриго и Нејмар постигнаа по два гола, а Рафиња додаде еден.

Рутинското декласирање на послабиот ривал немаше да биде новост доколку бразилската суперѕвезда не го надмина можеби најголемиот фудбалер на сите времиња.

Нејмар го постигна 78. гол за Бразил и со тоа успеа да го надмина Пеле со кого го дели првото место на листата на најдобри стрелци во историјата на националниот тим.

Нејмар успеа во својот 125-ти настап за Бразил, додека Пеле имаше 92.

До крајот на натпреварот, Нејмар постигна уште еднаш од непосредна близина за да го зголеми водството на вечната листа. Тој сега е единствениот рекордер со 79 гола за Бразил.

Голот за историја погледнете го ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еве кои досега обезбедија пласман на Светското првенство

ОД 48 РЕПРЕЗЕНТАЦИИ, колку што ќе учествуваат следното лето на Светското фудбалско првенст…