Дома Фудбал Останато Нејмар ги оправдува парите – Бразилецот има НЕВЕРОЈАТЕН просек по четирите натпревари

Нејмар ги оправдува парите – Бразилецот има НЕВЕРОЈАТЕН просек по четирите натпревари

Трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ беше вреден неверојатни 222 милиони евра. Секако дека тоа се многу пари и дека денешните ѕвезди се преплатени, но бразилскиот напаѓач навистина има што да понуди.

Талентираниот Нејмар беше брилијантен и во Барселона, но на почетокот на авантурата во Париз исто така е импресивен и по само четири натпревари, Нејмар најавува отворена борба за МВП титулата. Во моментов МВП на Лига 1, а потоа може и во некое друго натпреварување


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Иако за соиграчи ги има Едисон Кавани и од вчера Килијан Мбапе, кој дебитираше со гол и асистенција во дуелот против Мец, а кој можат во било кој момент да постигнал гол, Нејмар го држи својот просек од еден гол и една асистенција по натпревар.

Тој во првите четири кола постигна четири гола и запиша четири асистенции. Освен што постигнува голови, Нејмар секогаш ги разигрува своите соиграчи, и со неверојатната техника и одлично чувство за пробив, Бразилецот претставува еден од најдобрите играчи на денешницата.

Со него, Кавани, Мбапе, Дракслер… Парижаните го имаат најсилниот напад во Европа, а доколку бидат и половина од минатогодишниот процент, ривалите немаат што да бараат против богатиот клуб од француската метропола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…