Дома Топ вести Нетрпеливост помеѓу „кралевите“ – Во соблекувалната на Реал постои КЛАН кој е против Роналдо?!

Нетрпеливост помеѓу „кралевите“ – Во соблекувалната на Реал постои КЛАН кој е против Роналдо?!

Во соблекувалната на Реал Мадрид наводно постои нетрпеливост…

Според шпанските медиуми, дел од младите фудбалери во Реал не се во најдобри односи со Кристиано Роналдо. Негов најголем противник наводно е Иско. Роналдо и Иско според медиумите не се поднесуваат и Португалецот нема баш добро мислење за Андалузиецот.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Како една од причините за нивниот однос се наведува фактот што Иско е навивач на Барселона, а има и куче по име Меси.

Покрај тоа Иско никогаш не криеше дека според него Аргентинецот е подобар фудбалер од неговиот соиграч.

Претходно, Роналдо одбиваше да ја промени позицијата за Иско да добива повеќе шанса, но сега тој се пресели во нападот, па одличниот Шпнаец конечно доби прилика да игра на својата позиција и повторно да блеска.

„Diario del Gol“ тврди дека на тренинзите постои напнатост и дека младите фудбалери јасно покажуваат дека егоизмот на Роналдо им пречи.

Освен Иско кој е предводник на овој клан тука спаѓаат Карвахал, Себалос, Начо, но и Асенсио кого Роналдо неодамна го прогласи за свој наследник. На овие фудбалери најмногу им пречи што Роналдо приговара кога не му ја додаваат топката во завршницата од акцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гвардиола во Италија најде замена за Родри

Манчестер Сити остана без еден од најважните фудбалери, Родри, кој заработи тешка повреда …