Евандер Холифилд е еден од борците кои веројатно ќе се борат против Мајк Тајсон.
Легендарниот боксер започна со тренинзи и на 57 години изгледа навистина одлично и е спремен трет пат во кариерата да се бори со Мајк.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Додека се уште се договора нивната борба, Холифилд одлучи да покаже како изгледа во текот на припремите. Во припремите на Холифилд му помага и легендарниот Владимир Кличко.
„Тим Холифилд се спрема за борба“, стои во описот на последното видео на познатиот боксер.
Холифилд очигледно е во одлична форма. Неверојатно е вака да изгледа човек кој има 57 години и сигурно дека на Тајсон нема да му биде лесно.