Гатузо ја промени професијата, но не и карактерот. Рино беше таков и како фудбалер, а сега и како тренер.
Гатузо денес ги насмеа сите на пресконференцијата пред утрешното дерби, кога го анализираше поразот од Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Росонерите“ играа одлично во Торино, но на крајот сепак загубија со 3:1. Гатузо беше запрашан, што би било ако пречката на Чаланоглу беше гол при резултат 1:1.
„Ако дедо ми имаше три јајца ќе беше флипер“, во свој стил одговори Гатузо.
„Се надевам дека ќе ја повториме играта од натпреварот против Јувентус. Мораме да го унапредиме менталитетот и желбата, да се бориме до последен здив. Ова е дерби, натпревар во кој често пати послабо пласираниот знае да победи. Конечно миланското дерби е важно за двата тима. Интер не е истиот тим од пред еден месец, многу се подобри“, заклучи Рино.
Come si fa a non stimarlo?#Gattuso pic.twitter.com/z69cg6SseL
— Willy Signori (@willy_signori) April 3, 2018