Дома Фудбал Останато Нема повеќе дилеми: Бразилецот не е дел од филозофијата на Емери за ПСЖ

Нема повеќе дилеми: Бразилецот не е дел од филозофијата на Емери за ПСЖ

Додека ПСЖ не почна да носи засилувања од 185 и 222 милиони евра, Лукас Моура беше стандарден член во првиот состав на овој клуб. Меѓутоа, кога почна тоа да се случува, падна во трети план.

Моура некогаш беше голема фудбалска надеж, а во ПСЖ стигна пред три години од Сао Паоло за 40 милиони евра. Се одеше по планот додека на клупата на Парижаните не пристигна Унаи Емери, кој го елиминираше.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Бразилецот оваа сезона настапи на само пет натпревари во Лига 1 на кои собра вкупно 71 минута, а за тоа време постигна еден погодок и успеа да запише една асистенција.

ПСЖ одлучи да го испрати најпрво на позајмица, а потоа најверојатно ќе го продаде. На пролет ќе го гледаме сигурно во некој друг клуб, а за него не е мал интересот воопшто.

Него го бара Малага, но и неколку кинески екипи, па останува да се види што ќе се случи со 25-годишниот Бразилец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан го сака братот на ѕвездата на ПСЖ

Милан го насочиле вниманието кон братот на ѕвездата на ПСЖ, Гела Дуе, кој исто така игра в…