Дома Фудбал Нема крај на проблемите за Зидан: Објавено колку ќе паузира Карвахал

Нема крај на проблемите за Зидан: Објавено колку ќе паузира Карвахал

Десниот бек на Реал Мадрид, Дани Карвахал ќе мора да оди на нова долга пауза.

Шпанецот цела сезона има проблеми со повредите, а сега ја обнови повредата на мускулот поради што ќе мора да пузира дури два месеци.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Реал објави официјално соопштение во кое потврди дека враќањето на терен ќе зависи од брзината на опоравувањето.

Ова е уште еден тежок удар за Реал Мадрид после повредите на Рамос, Азар и Родриго кој нема во брзо време да се враќаат на терените.

Голем проблем е што спомената тројка ќе го пропушти двомечот со Аталанта во Лигата на шампионите кој се игра на 24. февруари. Пред тоа „кралевите“ ќе гостуваат кај Ваљадолид во сабота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Епска драма на „Олд Трафорд“ – девет голови и триумф на Јунајтед над Лион со голови во 120. и 121. минута (Видео)

Вечерва Манчестер јунајтед и Лион одиграа натпревар за аналите и фудбалската историја во р…