Барселона во последно време се врати во посакуваната форма и синоќа со 5:0 ја победи Селта на „Камп Ноу“, а сега на Каталонците им следува возвратниот дуел со ПСЖ во ЛШ.
Медиумите и фановите се надеваат на „чудо“ и тврдат дека Барса може да ја повтори синоќешната престава и да го победи ПСЖ со 5:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Луис Енрике ги разочара оптимистите и истакна дека тој дуел е веќе загубен после првите 4:0 во Париз.
„ПСЖ ќе не притисне уште повеќе и нема да може да се браниме како со Селта. Ама нашата основа е довербата. Дуелот е загубен, но под прекрасни околности можете да успеете. Ние ќе се обидуваме до последната минута“, истакна Енрике.