Како што пренесува шпански „Спорт“, еден од најискусните дефинитивно нема да ја менува средината наскоро.
Се загрижија навивачите на Барселона дека би можеле да останат без легендата на клубот, Андрес Иниеста.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На искусниот Шпанец договорот му истекува во јуни следната година, а самиот Иниеста потврди дека со управата на клубот околу продолжувањето на соработката не постои.
Голем број на екипи ширум Европа со широко отворени раце би го дочекале Иниеста во своите редови, а меѓу првите се јави италијански Јувентус.
Сепак навивачите на Барса не мораат да се грижат, откако таткото на Иниеста изјави дека неговиот син наскоро нема намера да го напушти „Камп Ноу“.
„Го познавам својот син и тој никогаш нема да каже ништо освен вистина, но ве уверувам дека Андрес никогаш нема да носи друг дрес освен оној на Барселона и никогаш нема да се натпреварува против Барса. Верувам дека може да игра важна улога во каталонскиот тим во следните две, три, четири години“, истакна Хозе Антонио Иниеста.