Дома Фудбал Некогаш Икарди „решеташе“ за Барселона, но вистинска шанса никогаш не доби (ВИДЕО)

Некогаш Икарди „решеташе“ за Барселона, но вистинска шанса никогаш не доби (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона во среда пред своите навивачи ќе играат против Интер во рамките од Лигата на шампионите.

Каталонскиот клуб ќе биде значително ослабен во овој натпревар бидејќи Ернесто Валверде не ќе може да смета на Лионел Меси кој заработи повреда на раката.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Интер е во добра форма, има и максимален учинок во два натпревари во најелитното европско натпреварување и секако дека сакаат оваа низа да продолжи. Најголеми надежи во таборот на „нероаѕурите“ секако гледаат во капитенот и лидерот на тимот на Мауро Икарди.

Тимот на Барселона не е непозната територија за Икарди бидејќи напаѓачот веќе настапуваше за младинските селекции на овој клуб. Аргентинецот во Барса пристигна во 2008 година и беше член на „Ла Масија“ се до летото 2011 година. Тогаш направи трансфер во Сампдорија, а во Европа се прослави со настапите за Интер.

Барселона пред овој натпревар одлучи да се потсети на головите кои Икарди ги постигнуваше за младинските категории на Каталонците, од друга страна пак напаѓачот сигурно ќе биде мотивиран да докаже дека погрешија што никогаш не му пружија вистинска шанса.

https://www.facebook.com/fcbarcelona/videos/622046261524122/

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо се расплака за време на минутата молк за колегата со кого освои 23 трофеи (Видео)

Познатиот португалски тренер Жозе Мурињо се расплака за време на минутата молк на натпрева…