Договорот на Килијан Мбапе со ПСЖ истекува на 30 јуни 2024 година и тој е слободен да преговара со други заинтересирани клубови.
Како што е познато, Реал Мадрид веќе подолго време е заинтересиран за Французинот и двете страни неодамна почнаа преговори.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Последните информации се дека Реал Мадрид и Мбапе ги договараат последните детали и Французинот на лето ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.
Мбапе веќе му соопштил на ПСЖ дека на лето заминува како слободен агент, па „светците“ веќе ја почнаа потрагата по негов наследник.