Дома Фудбал Останато Недвед: Мурињо знаеше што сакам ќе ја прифатев неговата понуда да не беше во Интер

Недвед: Мурињо знаеше што сакам ќе ја прифатев неговата понуда да не беше во Интер

Легендарниот чешки фудбалер Павел Недвед можел да го облече дресот на Интер, но го одбил повикот од Милано.

Недвед имаше импресивна кариера откако од Чешка се пресели во Италија во 1996 година. Играше одлично пет години во дресот на Лацио, а потоа следуваше осумгодишна авантура во дресот на Јувентус. Чехот кој денес е вработен како директор во редовите на „Старата дама“ има вкупно три титули шампион на Италија и едно изгубено финале во Лигата на шампионите со Јувентус.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Недвед раскажа како во пролетта 2009 година добил повик од Жозе Мурињо кој тогаш го водел Интер, најголемиот ривал на Јувентус.

„Здраво Павел, овде Жозе. Не можеш сега да ја завршиш кариерата, тоа би било загуба, ти се уште можеш многу да дадеш на фудбалот. Сакам да дојдеш кај мене во Интер, сакам да ја освоиме Лигата на шампионите“, гласела понудата од Мурињо до Недвед.

Недвед и ќе ја прифател ако не станувало збор за Интер.

„Жозе знаеше дека страшно ме привлекува Лигата на шампионите затоа што никогаш ја немав освоено, но неговиот план не успеа. Не можевме да бидеме компатибилни. Ќе ја прифатев понудата да беше во било кој друг клуб на светот, само не Интер“, раскажа Недвед.

Недвед не сакаше да го предаде Јувентус и во тоа лето ја заврши неговата богата кариера, а денес е почитуван ширум светот, посебно од страна на навивачите на Јувентус. Интересно што Интер со Мурињо една сезона подоцна и ја освои Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…