Дома Фудбал Останато Недвед: Ги поддржувам Полска и Шведска, не знам што чека мојата Чешка

Недвед: Ги поддржувам Полска и Шведска, не знам што чека мојата Чешка

Фудбалските репрезентации на Полска и Шведска јавно истакнаа дека одбиваат да играат против Русија во баражот за Светското првенство.

Полската репрезентација во март треба да гостува во Москва во полуфиналето во баражот за СП во Катар, но веќе порачаа дека не сакаат да играат против Русија без оглед на можните санкции од ФИФА. Истиот став го има и Шведска која е во второто полуфинале од баражот и е потенцијален противник на Русија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Последната репрезентација во оваа група е Чешка, па и фудбалската легенда на ова земја даде свој коментар.

„Ги поддржувам одлуките на Полска и Шведска. Не знам што чека мојата Чешка, очекувам и ние да постапиме исто. Навистина немам информации зошто не се огласиле, не знам ниту што мислат за целата ситуација“, изјави актуелниот потпретседател на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…