Српските медиуми пренесуваат дека напаѓачот на Њукасл, Александар Митровиќ би можел да се врати во Србија и да го облече дресот на Партизан.
Митровиќ е незадоволен од минутажата која ја има во Њукасл и е спремен да се врати во татковината, а медиумите тврдат дека веќе е воспоставен контакт.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Раководството на Партизан е свесно дека не може да го откупи неговиот договор кој истекува во 2020 година, но смета дека 6-месечна позајмица е реална опција, особено поради фактот што самиот фудбалер е спремен да се врати.
Партизан сака сериозно да се засили во зимскиот преоден рок бидејќи готво сигурно обезбеди европска пролет, па Митровиќ би бил огромно засилување за „црно-белите“.