Ливерпул е на чекор од првата титула шампион на Англија после далечната 1990 година. Скоро и неверојатно да звучи податокот дека навивачите на овој клуб чекаа 30 години на домашна титула.
„Црвените“ го победија Кристал Палас со 4:0 и потребни им се уште ва бода за и математички да ја обезбедат титулата. Но, во случај Сити да не победи вечерва против Челзи, Ливерпул ќе може веќе да слави.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На вчерашниот натпревар помеѓу Ливерпул и Палас беше забележан еден неверојатен податок. Имено, играчите на Кристал Палас ниту еднаш не ја допреле топката во шеснаесетникот на Ливерпул.
0 – Crystal Palace failed to record a single touch in the opposition box against Liverpool, the first side to do so in a Premier League match since Opta have full data for this statistic (2008-09). Distancing. pic.twitter.com/RwP8BUul3E
— OptaJoe (@OptaJoe) June 24, 2020