Дома Останати Неверојатно: Раперот Снуп Дог ќе биде коментатор за Олимписките игри

Неверојатно: Раперот Снуп Дог ќе биде коментатор за Олимписките игри

Aмериканскиот рапер Снуп Дог ќе биде дел од коментаторскиот тим на телевизијата „NBC“ за време на Олимписките игри во Париз.

Задачата на раперот според најавите ќе биде да ги пренесува спортовите кои не се толку познати на американската публика. Тој веќе заедно со актерот Кевин Харт во студиото „NBC“ се обиде да игра ракомет, а коментираа и ватерполо.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Растев гледајќи ги Олимписките игри и воодушевен сум од она што го прават спортистите. Олимписките игри се прослава на вештините, посветеноста и трудот“, изјави Снуп Дог.

„Ќе бидат тоа најепските Олимписки игри во историјата…Ќе ги подигнеме расположението и ќе ги направиме овие игри незаборавни“, најави раперот.

Се очекува Снуп Дог да настапува заедно со домаќинот Мајкл Тирик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Синер го освои Шангај, Ѓоковиќ призна: Беше пресилен за мене

Новак Ѓоковиќ загуби од Јаник Синер во финалето на турнирот во Шангај со 0-2 во сетови, од…