Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Неверојатниот мотиватор Пол Погба: Откриено што им зборувал на соиграчите пред најважните натпревари!

Неверојатниот мотиватор Пол Погба: Откриено што им зборувал на соиграчите пред најважните натпревари!

Пол Погба одигра одлично Светско првенство во кое на крајот со Франција стигна и до титулата светски шампион.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На овој Мундијал гледавме еден поинаков Погба. Овој Погба не се ставаше себе си во прв план, се бореше како лав и жестоко го прославуваше секој гол на својата селекција. Освен што е одличен играч, сега француските медиуми пренесуваат дека бил и одличен мотиватор.

„Сакам да видам војници на теренот. Сакам да се радувам вечерва. Сакам заедно да гинеме на терен. Денес ќе ги „убиеме“ без Меси или со него, не ме интересира. Дојдовме да го освоиме овој е**н Мундијал“, гласеле зборовите на Погба пред натпреварот против Аргентина.

Во наредното ги чекаше Уругвај.

„Тоа е тоа, сега нема назад. Одиме напред, мораме на крајот ние да бидеме победници. На овој натпревар Матуиди е супсендиран, но погледнете го, тој е разочаран, тој е бесен, сака да игра повеќе од било кој на теренот. Затоа мораме да одиграме за него, да бидеме добри како против Аргентина и уште подобри да ги победиме најдобрите и да станеме светски шампиони“, ги пренесуваат зборовите на Погба, медиумите во Франција.

Медиумите истакнуваат и дека слични мотивациони говори Погба држел пред секој натпревар, а очигледно и тоа како биле од корист за неговите соиграчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Фелипе Луис најде нов ангажман, првпат ќе биде тренер во Европа

Монако имаа тешка сезона зад себе. Едвај обезбедија место за настап во европските купови, …