Дома Фудбал Останато Неверојатна ситуација на Копа Америка: Незапаметена борба за прв стрелец!

Неверојатна ситуација на Копа Америка: Незапаметена борба за прв стрелец!

Јужноамериканското првенство „Копа Америка“ вечерва ќе го има својот крај со финалната пресметка помеѓу Бразил и Перу, а исклучително интересна е и трката за најдобар стрелец.

Во досегашниот тек од натпреварувањето ниту еден фудбалер не постигнал повеќе од два гола, па во моментов на врвот се наоѓаат дури 14 фудбалери со по еден постигнат гол.


Не постои критериум кој би ги одвоил, па во случај да не дојде до промена, дури 14 играчи ќе ја поделат наградата за најдобар стрелец на Копа Америка 2019 година.

Девет од нив веќе го завршија настапот, па само петмина ќе можат вечерва да се одбојат од листата и да ја освојат наградата.

Станува збор за Роберто Фирмино, Евертон и Филипе Кутињо од Бразил, како и Едисон Флорес и Гереро од Перу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид зема уште една важна ѕвезда од Ливерпул

Реал Мадрид продолжува со својата стратегија на долгорочно планирање на одбранбената линиј…