Дома Останати Кошарка НБА: Тројна размена – Галинари заврши во Клиперс

НБА: Тројна размена – Галинари заврши во Клиперс

ЛА Клиперс, Атланта и Денвер ги усогласија деталите околу размената на кошаркари која треба да биде официјализирана во четврток.

Според договорот Данило Галинари од Денвер се сели во ЛА Клиперс, Пол Милсап, како што веќе е објавено, од Атланта заминува во Денвер кој ќе ги добие правата на пик од втората рунда на драфтот во 2019 година, додека од Клиперси во Атланта ќе се преселат Џамал Крафорд и Дејмонд Стоун.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Атланта ќе ги добие и правата на пик од првата рунда на драфтото во 2018 година.

„ЕСПН“ пренесува дека ЛА Клиперс со Данило Галинари ќе потпишат тригодишен договор вреден 65 милиони долари, додека Атланта ќе го откупи договорот на ветеранот Крафорд бидејќи тој сака да им се преидружи на ЛА Лејкерс каде би му бил ментор на Лонзо Бол, кој на неодамнешниот драфт беше избран како втор пик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ е кандидат за титула МВП, а ова се неговите конкуренти

Ѕвездата на Денвер, Никола Јокиќ е финалист во изборот за најкорисен играч (МВП) на Америк…