Дома Останати Кошарка НБА: Ниту Црногорецот од „соништата“ не му помогна на Орландо, Вориорсите подобри од Њу Орлеанс…

НБА: Ниту Црногорецот од „соништата“ не му помогна на Орландо, Вориорсите подобри од Њу Орлеанс…

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа десет натпревари.

Голден Стејт Вориорси славеа со резултат 128:120 против Њу Орлеанс. Во првата четвртина гостите играа одлично и имаа 13 поени предност, но втората им припадна Вориорсите со 37:25. Со сличен резултат 37:26 беше завршена и третата, за во последните 12 минути да биде изедначено.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Клеј Томпсон уфрли 31 поен и беше најефикасен кај Вориорсите, а го следеа Стеф Кари и Кевин Дурант со 28 односно 22 поени. Од друга страна Де Маркус Каусинс и Ентони Дејвис постигнаа по 35 поени.

Бруклин го совлада Орландо со 126:121, а на гостите не им помогна ниту одличниот Никола Вучевиќ кој уфрли 41 поен, што беше негов рекорд на кариерата.

Минесота со резултат 100:97 запиша победа против Јута.. Тие до победата предводени од Андре Вингс со 21 поен додека кај Јута најефикасен беше Роднеј Худ со еден поен помалку.

Лос Анџелес Лејкерси на домаше паркет го совладаа Феникс. Лејкерси во поголемиот дел од натпреварот го контролираа резултатот, но на десет секунди пред крајот Санси заостануваа само еден поен. Сепак, победата во драмтичен финиш ја однесе Лејкерси со 132:130.

Лонзо Бол беше најдобар кошаркар кај Лејкерси со 29 поени, додека Инграм додаде 25 кај Санси, очекувано најмногу поени постигнаа Бледсо 28 поени и Бокер 25.

Шарлот – Атланта 109:91

Индијана – Портланд 96.114

Милвоки  – Кливленд 97:116

Филаделфија – Бостон 92:102

Вашингтон Визардс – Детроит 115-111

Бруклин – Орландо 126:121

Минесота – Јута 100:97

Далас – Сакраменто 88:93

Њу Орлеанс – Голден Стејт 120:128

Феникс – Лос Анџелес Лејкерс 130:132

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака Тео Хернандес

Рубен Аморим од раководството на Манчестер јунајтед побарал лев бек за следната сезона, а …