Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа три натпревари, а победи запишаа екипите на Торонто, Лос Анџелес Клиперс и Оклахома
Оклахома во првиот натпревар од сезоната стигна до убедлива победа против тимот на Њујорк Никси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оклахома на свој паркет ги совлада Никси со 105:84 и на најдобар можен начин ја отвори новата сезона. Натпреварот беше одлучен во третата четвртина во која Оклахома успеа да стигне до сигурна предност која без проблеми успеаа да ја задржат во финишот.
Расел Вест Брук во овој натпревар стигна до 80 трипл дабл во кариерата, тој натпреварот го заврши со 21 поени, 10 скокови и 16 асистенции. Најефикасен беше Пол Џорџ со 28 поени, 22 додаде Кармело Ентони, а двоцифрена бројка имаше и Стивен Адамс кој постигна 12 поени.
Најефикасен кај Никси, а воедно и на натпреварот беше Кристап Порзингис со 31 поен и 12 скокови, зад него следуваше Енес Кантер со 10 поени.
Во дербито на вечерта Клиперси беа подобри од Лејкерси со 108:92.
Лејкерси подобри беа само во последната четвртина, но тогаш веќе имаа огромно заостанување бидејќи Клиперси доминираа од самиот почеток. Теодосиќ во своето деби во НБА лигата постигна шест поени, запиша шест асистенции и успеа да оствари еден скок. Блејк Грифин забележа дабл – дабл, 29 поени и 12 скокови, а покрај тоа додаде и три асистенции, Де Андре Џордан кој постигна 14 поени забележа дури 24 скока од кои 15 беа во одбраната.
Брук Лопез беше најефикасен во Лејкерси со 20 поени, шест скокови и две асистенции, а дабл- дабл запиша и Лери Нанс кој постигна 14 поени и оствари 12 скока.
Торонто новата сезона во НБА лигата ја отвори со победа, тие беа подобри од Чикаго со 117:101. После неизвесната прва четвртина, Торонто заигра одлично, па на полувреме заминаа со 21 поен разлика.
Во второто полувреме практично само ја чуваат стекнатата предност и така стигнаа до големо славје и прва победа во сезоната. Торонто славеше со 16 поение разлика, а во еден момент имаа и плус 27.
Јонас Валачиунас доминираше во тимот на Торонто со дабл – дабл во кој имаше 23 поени и 15 скокови, а со 22 поени го следеше Сиџеј Мајлс, двофцифрен учинок имаа и Нормал Пауел кој постигна 15, Делон Рајт со 13 и Кајл Лаури со 12, како и Демар Дерожан кој постигна 11 поени.
Во Чикаго најефикасен беше Робин Лопез кој постигна 18 поени и осум скокови, еден поен помалку постина Лаури Марканен кој исто така имаше осум скокови, а Џастин Холден додаде 12.