На „Чизмата“ се воодушевени…
Во Италија повторно се игра најдобриот фудбал!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лигата на шампионите утре и во среда се враќа на сцена, а на Апенините со нетрпение ги чекаат своите претставници.
Не само поради тимовите за кои навиваат, туку за тоа што ќе имаат единствена прилика во 48 часа да ги видат според многумина најдобрите четири фудбалери на денешницата.
Барселона утре му гостува на Интер, прашање е дали Меси ќе настапи, но допатува со екипата, па може да се најде и на теренот.
Наполи во истиот термин на „Сан Паоло“ ќе го пречека Пари Сен Жермен кој ќе биде предводен од Нејмар и Килијан Мбапе, најдобриот млад фудбалер во светот.
Во среда Јувентус игра против Јунајтед во Торино и тоа ќе биде уште една прилика Роналдо да игра против клубот во кој за прв пат се прослави во Европа.
Меси, Роналдо, Нејмар Мбапе – сите во следните два дена ќе истрчаат на терените ширум Италија.