Дома Фудбал На теренот може изгледа поинаку, но Суарез сега покажа човечка големина

На теренот може изгледа поинаку, но Суарез сега покажа човечка големина

Луис Суарез е познат како пргав напаѓач кој влегува во жестоки дуели, а јавноста нема да ги заборави неговите испади кога ги гризна Бранислав Ивановиќ и Џорџо Киелини, сепак и Уругваецот покажа дека има човечка големина.

Имено, Суарез и неговата сопруга ја платиле операцијата на болното девојче Делфина од Бразил кое боледува од тешка болест. На девојчето кое има само 24 недели и било дијагностицирано расцеп на рбетот и веднаш и било потребна операција.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Прво требало да биде оперирана во Бразил, а потоа стигнале вести од фудбалерот од Барселона. Тој и неговата сопруга соопштиле на семејството на девојчето дека ќе ги покријат трошоците за операцијата која изнесува 24.000 евра.

„Разговарав со Софија и самата е мајка и може да сфати во каква ситуација сме. Бескрајно сум благодарна на неа и Суарез“, изјави мајката на младото девојче.

Терминот за операцијата на Делфина е идната недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо одлучил. Сака фудбалер на Реал за кој Ливерпул ќе треба да плати 75 милиони евра!

По ангажманот на Трент Александер-Арнолд од Ливерпул и интересот што го покажаа за Ибрахим…