Дома Трансфер зона На Симеоне не му го даваат синот ни за 18 милиони евра!

На Симеоне не му го даваат синот ни за 18 милиони евра!

Џовани Симеоне со своите одлични партии во Џенова го привлече вниманието на многу големи клубови, а еден од најзаинтересираните е Атлетико Мадрид, на чија клупа седи неговиот татко Диего Симеоне.

Атлетико веќе испратил понуда до Џенова за 21-годишниот напаѓач тешка 18 милиони евра, но италијанскиот клуб експресно ја одбил таквата понуда.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Меѓу заинтересираните клубови за Симеоне се и Севиља и Виљареал, а сумата која наводно би ја задоволило Џенова е помеѓу 25 и 30 милиони евра.

Симеоне оваа сезона во Серија А постигна 10 гола на 28 натпревари, а следната сезона би можел да игра за, или против својот татко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…