Дома Трансфер зона На ПСЖ не му чинеше, сега Барса и Реал се „тепаат“ за него

На ПСЖ не му чинеше, сега Барса и Реал се „тепаат“ за него

Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона оваа недела два пати ќе ги одмерат силите на теренот, но ќе имаат и дуел надвор од терените.

Имено, шпанските медиуми пренесуваат дека двата шпански гиганти се силно заинтересирани за аргентинскиот репрезентативец Џовани ло Селсо.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Играчот за врска е во сопственост на Пари Сент Жермен, но во моментов игра на позајмица во Примера во дресот на Бетис. Ло Селсо прикажува фантастични партии во клубот од Севиља кој има опција да го откупи договорот на крајот на сезоната за 22 милиони евра.

22-годишниот Аргентинец оваа сезона има постигна 12 гола и 4 асистенции на 33 натпревари за Бетис во сите натпреварувања. Тој во ПСЖ дојде во 2016 година од Росарио Централ.

Барселона и Реал Мадрид покажуваат сериозен интерес за неговиот потпис и веќе стапиле во контакт со неговиот агент. „Кралевите“ во него гледаат идеален наследник за Модриќ и сакаат да го донесат на „Сантиаго Бернабеу.

Голема е веројатноста Бетис да го откупи неговиот договор на лето, иако ПСЖ во моментов прави напори да го врати Аргентинецот во Париз.

Во моментов цената на Ло Селсо изнесува помеѓу 40 и 50 милиони евра, сума која Реал и Барса се спремни да ја платат.

Останува да видиме кој ќе победи во битката за потписот на арегнтинскиот репрезентативец.

https://youtu.be/uu_FjJSfTpk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ја сака поранешната ѕвезда на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…