Лука Модриќ вчера во Париз стана 44-тиот добитник на најголемото индивидуално признание во светот на фудбалот – „Златната топка“.
За разлика од на пример, доделувањето на Оскарите каде што името на победникот не се знае се додека водителот не го прочита кај оваа награда играчите однапред беа известени, па поради тоа Кристиано Роналдо и Лионел Меси не се појавија во Париз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На Модриќ пред церемонијата му била покажана „Златната топка“, а истата му ја покажа главниот уредник на „Франс Фудбал“, Паскал Фере.
„Каков е твојот впечаток кога ќе го видиш ова?, запраша Фере.
„Прекрасно. Еден од најубавите трофеи“, со очигледно воодушевување одговори Модриќ.
„Кога ме побаравте и ми кажавте, плачев од среќа“, изјави Хрватот кој победи пред Роналдо и Гризман.
Luka Modric's emotional reaction when he discovers his Ballon d'Or #ballondor
Congrats @lukamodric10 for this amazing year ? pic.twitter.com/JFewApQTd4
— #ballondor (@francefootball) December 4, 2018