Според италијански „Тутоспорт“ Џанлуиџи Буфон нема намера да се пензионира иако има 44 години.
Договорот со Јувентус на Буфон му истекува на крајот од сезоната и истиот најверојатно нема да биде продолжен. Во италијанските медиуми многу се пишува дека Јувентус е во сериозни преговори со Џанлуиџи Донарума од Милан (повеќе за ова тука).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега „Тутоспорт“ пишува дека за Буфон интерес имало од пет клуба и тоа: Олимпијакос, Франкфурт, Спортинг, Галатасарај и Динамо Киев.
Сите пет клуба на Буфон му нудат соработка на една година и загарантирано место во првиот тим, па на славниот голман е да одлучи.
Буфон скоро целата своја кариера е во Јувентус каде што дојде од Парма, со исклучок на една сезона која ја помина во ПСЖ. Голот на „старата дама“ го чувеаш на 683 натпревари.