Дома Фудбал Англија Најстариот стрелец во ПЛ за оваа сезона му пресуди на Арсенал (ВИДЕО)

Најстариот стрелец во ПЛ за оваа сезона му пресуди на Арсенал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал доживеаа пораз во 33-тото коло во Премиер лигата.

Се подобриот Евертон го дочека на свој терен Арсенал, а домаќинот на крај славеше минимално со 1:0.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Одлучувачкиот момент се случи во 10-тата минута кога „Карамелите“ стигнаа до предност. Пред голот на „топџиите“ најдобро се снајде искусниот Фил Јагиелка кој го постигна првиот гол оваа сезона.

Така Јагиелка стана најстариот стрелец во Премиер лигата оваа сезона со 36 години.

Лошо играа гостите од Северен Лондон, Евертон беше далеку подобар ривал, Бернард му правеше големи проблем на Мејтланд-Најлс на левата страна, но до крајот на првиот дел изгледни прилики немаше.

Слична ситуација гледавме и во продолжение, Евертон изгледаше многу подобро, Арсенал ретко и јалово напаѓаше, најдобрата шанса ја имаше Микхтаријан кога од работ на казнетиот простор шутираше покрај стативата.

Добра прилика во 72-та минута на другата страна имаше Сигурдсон кој можеше да дуплира предноста на Евертон, но шутираше покрај голот на Лено.

Само две минути подоцна нова шанса за домашниот состав, Ричарлисон беше во добра позиција во казнетиот простор на ривалот, но не реагираше баш најдобро и топката заврши покрај голот.

Арсенал до крајот не успеваше да се закани, Евертон ја зачува минималната предност и однесе три бода.

Избраниците на Марко Силва така ја потврдија добрата форма и му зададоа удар на Арсенал во борбата за местото кое води во Лигата на шампионите.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Перез: Родри ја заслужи „Златната топка“, но не оваа година

Иако Реал Мадрид беше убеден дека Винисиус ќе ја добие „Златната топка“, таа заврши во рац…