Пред точно 30 години двајца Македонци се искачија на европскиот трон – Панчев и Најдоски станаа шампиони со Црвена Звезда.
Финалето се играше во Бари против Олимпик Марсеј, а одоговрноста за решавачкиот пенал го имаше Панчев кој го матираше Олмета и ја донесе европската круна во Белград.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За српски „Моцартспорт“ за финалето зборуваше Најдоски.
„Од тоа финале го зачував дресот од првото полувреме. Се уште не е испран, на него стојат трагите од големата битка. Сите други дресови некаде заминаа, но тој нема шанси некогаш да излезе од мојот дом“, изјави Најдоски.
Во финалето Најдоски го чуваше најдобриот напаѓач на Марсеј, Папен.
„Го чував Папен, во тоа време Панчев и тој беа најдобри напаѓачи во Европа. Пред натпреварот гледав негови видеа, беше навистина феноменален играч. После натпреварот дојде и ми честиташе. Тоа беше една машка игра, а кога велам машка има разлика од нечесна и расипана. Цел живот јас немав намерно удрено играч. Никогаш“, потенцираше Најдоски во интервјуто.
Целото Интервју можете да го прочитате -тука.