Maсимилијано Алегри во овој момент е без ангажман, но многу брзо би можел да се врати во клупскиот фудбал.
Враќањето на Алегри го најави неговиот близок пријател Џовани Галеоне кој даде изјава за „Тутоспорт“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се слушнав со него пред неколку дена и сигурно ќе се врати на клупскиот фудбал во јуни. По неговиот глас заклучив дека е навистина одлучен. Пред околу една година ќе ја исклучев можноста за негово враќање во Јувентус, но сега мислам дека големи се шансите да се врати“, изјави Галеоне.
„Не знам дали Ањели ќе биде претседател, тие се големи пријатели, но и сопствениците можат да му се јават на Алегри и да побараат да се врати во Јувентус. Макс не се огласува во медиумите затоа што има нешто големо во раце и не сака да излезе во јавност“, додаде Галеоне.