Дома Трансфер зона Најдобриот играч на тимот кој беше хит на сезоната заминува од Европа?

Најдобриот играч на тимот кој беше хит на сезоната заминува од Европа?

Ако за некој клуб може да се каже дека со скромен буџет изгради супер екипа која го воодушеви фудбалскиот свет тогаш тоа е Аталанта.

Тимот од Бергамо во последните години игра одличен фудбал меѓутоа сега таа одлична генерација може да ја напушти еден најдобрите, Алејандро Гомез.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На адреса на Аталанта пристигнала понуда од Саудиска Арабија. За искусниот играч Ал-Наср понудил 15 милиони евра. Италијанскиот тим нема да се противи на продажбата, но конечниот збор ќе го има Гомез.

Гомез добил време да размисли. Понудена му е плата од шест милион евра, плус разни луксузни бенефиции како скапоцени автомобили.

Фудбалерот сака договор на три години и нешто поголема плата, сепак се работи за тешка животна одлука. Ал-Наср наскоро треба да ја достави листата на играчи за азиската Лига на шампиони, па се чека одговорот од Гомез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…