Луис Суарез, третиот најдобар стрелец во историјата на Барселона после шест години, 198 голови и 109 асистенции изгледа ќе се пресели во Атлетико Мадрид.
Сите најголеми шпански медиуми се едногласни – Суарез преминува во Атлетико.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Атлетико на Суарез му нуди многу помала плата од Барселона, но Уругваецот е свесен дека за четири месеци ќе наполни 34 години па не прави проблем. „Марка“ ги открива и деталите од трансферот.
Според овој медиум Суарез ќе потпише договор со Атлетико на две години со годишна плата од девет милиони евра. Тоа секако не е мала сума, но е многу помалку од сегашните 23 милиони евра кои ги добива од Барселона.
Суарез сака да игра, а колку ќе има простор во Барселона за тоа не е сигурно затоа што Роналд Куман има други идеи. Од друга страна во Атлетико веројатно ќе биде главен играч околу кој ќе се вртат сите работи во нападот.
Се уште не е потврдено, но кога најголемите медиуми во една земја ќе бидат едногласни тогаш значи дека се е скоро готово. Така е во овој случај.