Очигледно Барселона ќе биде многу активна до крајот на преодниот рок, а шпанските медиуми пренесуваат дека ќе има уште неколку заминувања од тимот.
Меѓу играчите на кои повеќе не смета Чави Ернандез е и Ерик Гарсија, кој е пред изненадувачки трансфер.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Чави направи многу промени во играчкиот кадар во однос на минатата сезона, но се чини дека до крајот на преодниот рок ќе има уште неколку влезни и излезни трансфери во каталонскиот клуб.
Барселона е многу блиску до комплетирање на пристигнувањето на Жоао Кансело, кој пристигнува на едногодишна позајмица од Манчестер Сити и моментално тоа е приоритет на челниците на клубот.
Но ќе има и заминувања од Барселона бидејќи не се сите задоволни од својот статус во тимот. Ова пред се се однесува на Ерик Гарсија, кој ја нема минутажата со Чави која ја очекува, и не е задоволен од резервната улога во Барселона.
Гарсија доби зелено светло од Чави да го напушти клубот и целта му е да најде тим во кој ќе игра редовно.
Сепак, многумина се изненадени од информацијата дека Гарсија ќе направи чекор назад во однос на кариерата бидејќи е пред заминување во Џирона, што очигледно никој не очекуваше дека ќе се случи ова лето.
Гарсија нема ништо против да оди во Џирона бидејќи е свесен дека таму ќе има многу повеќе можности да игра отколку во Барселона. Тој сака да се врати во форма и да му докаже на Чави дека заслужува многу поголема шанса во Барса.