Од 14-ти јуни до 15-ти јули фудбалот ќе биде главна тема во целиот свет, а се останато ќе биде споредно. Мундијалот се враќа на Стариот континет и ќе се одржи во Русија, поточно на 12 стадиони во 11 градови.
Натпреварите во групната фаза на Мундијалот 2018 ќе се играат од 14:00, 16:00, 17:00 и 20:00 часот по македонско време, а ќе има и еден кој ќе започнува од 12:00 часот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што знаете нашата редакција секој ден ви претставува „лична карта“ на по една репрезентација. Моментално сме во Групата Б, а на ред дојде последната селекција од оваа група – Иран.
ИРАН
Селекцијата на Иран е сместена во групата „Б“ заедно со селекциите на Шпанија, Португалија и Марока, па јасно е тие се тотален атусајдер кога во прашање е пласманот во следната фаз,
Иран Мундијалот го стартува на 15 јуни со натпревар против Мароко, селекција против која гледаат најголеми (какви – такви) шанси за освојување на бодови. Потоа пет дена подоцна се сретнуваат со еден од првите фаворити, не само во оваа група туку воопшто на Мундијалот – Шпанија, а за крај на групната фаза ќе играат против Португалија на 25 јуни.
Иранците во својата историја четири пати настапиле на еден Мундијал, а во овој момент се наоѓаат на солидното 36 место на ФИФА ранг листата. Интересно пред Мароко (42) кој сепак ќе биде фаворит во нивниот меѓусебен натпревар.
Oваа селекција на Мундијалот место избори од групата во која беа сместени уште Јужна Кореја (се пласираше на Мундијало), Сирија, Узбекистан, Кина и Катар. Иран место на завршницата обезбеди како прволасирана селекција без ниту еден пораз, шест победи и четири нерешени средби и гол-разлика 10:2.
Иран на Мундијалот ќе настапи во дрес дизајниран од познатата компанија „Адидас“.
Селекторот на оваа селекција Карлос Квеирош кој е и најголемиот адут на оваа репрепзентација (со оглед на скромниот квалитет(со сета почит, но кога ќе ги погледнеме Португалија и Шпанија, јасна е разликата) пред пет дена го објави и официјалниот список на играчи на кои ќе смета за овој Мундијал.
فهرست بازیکنان تیم ملی اروگوئه برای جام جهانی ۲۰۱۸ pic.twitter.com/cfiQL8UB8b
— Team Melli IRAN (@TeamMelliIran) May 18, 2018
Coinbet24 веќе ги има коефициентите за сите натпревари од групната фаза, а Иран е секако аутсајдер во трите меча.
На првиот натпревар со Мароко коефициентот за победа на Иран според Coinbet24 изнесува 3.45 за реми 3.00 додека за победа на Мароко коефициентот е 2.32.
Иран е апсолутен аутсајдер против Шпанија. Коефициентот за победа според Coinbet24 изнесува 16.25 за реми 6.40 додека за победа на „црвената фурија“ коефициентот е 1.20.
И против европскиот шампион Иранците се аутсајдери. Коефициентот за победа според Coinbet24 изнесува 8.40 за реми 4.55 додека за победа на Португалија коефициентот е 1.40.