Првото коло од Премиер Лига и одма големо дерби. На Емирати стигнува шампионот, Манчестер Сити, екипата која минатата сезона ги соборите сите можни и неможни рекорди.
Арсенал: Топовска канонада по шампионот!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Замина Арсен Венгер. Во оваа реченица се е кажано. Повеќе од две децении „владеење“ на францускиот стручњак во северен Лондон. Сигурно е тоа дека ќе гледаме еден нов Арсенал, кој на чело на својот тим избра Шпанец. Унај Емери, кој покрај силниот милиони не го доведе ПСЖ до европски шампион. Веќе во припремниот период, Арсенал покажа игра и многу квалитет. Можеби тоа не е тимот кога дресот го носеа Пирес и Беркамп, но има нешто што ќе им се допадне на навивачите. Го победија Челзи, ПСЖ и Лацио, но сепак тоа се натпревари кои служат за координација на играчите, а Емери имаше среќа што нема уморени првотимци од Мундијалот во Русија.
Манчестер Сити: Едниот пехар е во витрината, започнува походот за останатите четири!
Одлично е отворена новата сезона за граѓаните, во финалето на Комјунити Шилд лесно изиграа против лондоскиот Челзи и стигнаа до трофејот. На Вембли беше 2:0, а двата гола ги постигна Аргентинецот Агуеро, потврдувајќи дека многу подобро игра за клубот, отколку за националниот тим. Се случи и тоа да Пеп Гвардиола биде задоволен генерално со тимот кој го има. Неколку важни играчи изостанаа од тимот во воведните натпревари, но тоа е поради заморот кој се уште го чувствуваат од Мундијалот. Како и да е, одличните Силва, Агуеро и Сане ќе бидат ноќна мора за сите дефанзивци и голмани.