Во моментов идејата е Серија А да продолжи на 31 мај, а клубовите би требало да се вратат на редовни тренинзи на почетокот на месец мај.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според овој план Федерацијата планира да се одиграат сите натпревари до 12-ти јули кога би требало да заврши Серија А.
Сепак, она што е сосема сигурен факт е дека натпреварите до крајот на сезоната ќе се играат без публика.
Италијанските медиуми излегоа со информација дека Федерацијата и италијанската влада ја разгледуваат можноста стадионите да бидат празни до јануари 2021 година. Едноставно е премногу опасно повторно да се отворат стадионите за публика.