Дома Фудбал Италија Наполи со официјално соопштение му се извини на Осимен

Наполи со официјално соопштение му се извини на Осимен

Виктор Осимен се налути и најави тужба против Наполи поради видеата со кои клубот го исмејуваше нигерискиот напаѓач.

Шампионот на Итлаија објави видео на „Тик-Ток“ со кое го исмејуваше Осимен, а главата му ја спореди со кокос.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 Агентот на фудбалерот најави тужба за клубот кој сега преку соопштение ја кажува својата страна.

„Наполи сакајќи да избегне било каква експлоатација на ова прашање, истакнува дека никогаш не сме сакале да го навредиме или исмеваме Виктор Осимен кој е богатство за овој клуб. Како доказ за тоа, за време на летниот преоден рок, клубот цврсто ја одби секоја понуда што беше добиена за трансфер на напаѓачот“.

„Социјалните медиуми, особено ТикТок, отсекогаш користеле експресивна форма на јазик со креативност, без да сакаат како во случајот со Осимен, да имаат намера за навреда или потсмев. Во секој случај, ако Виктор забележал некаква навреда кон него, тоа не било она што го сакал клубот“, стои во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кејн го собори рекордот на Халанд во Бундеслигата

Хари Кејн го презеде рекордот кој претходно го држеше Ерлинг Халанд, откако ги постигна си…