Дома Фудбал Италија Наполи и Де Лаурентис под истрага за сомнителни трансфери!

Наполи и Де Лаурентис под истрага за сомнителни трансфери!

Наполи и сопственикот Аурелио де Лаурентис се обвинети поради финансиски малверзации, односно лажирање на финансиските биланси.

Обвинителството денес покрена истрага против Де Лаурентис, а во центарот на вниманието е трансферот на Виктор Осимен од Лил.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Наполи го донесе Виктор Осимен од Лил за наводна сума од 80 милиони евра. Сепак, се чини дека Лил од споменатата сума добил само 36 милиони евра.

Лил беше во сериозен финансиски проблем во летото 2020 година, а трансферот на Нигериецот им овозможи да балансираат. Формулата за трансфер беше прво 70 милиони евра + 10 милиони преку бонуси, а потоа излезе дека договорот е 50 милиони евра додека останатите 20 биле покриени со голманот Карнезис и тројца играчи од младинскиот тим на Наполи.

Тоа беше изненадувачки, бидејќи цените на младите играчи се сметаа за „напумпани“, а уште поконтроверзен беше фактот што тројца млади играчи никогаш не го облекоа дресот на Лил, туку веднаш беа испратени на позајмица во клубовите од Серија Ц за една година подоцна да им бидат раскинати договорите.

Со тоа обвинителството верува дека Де Лаурентис ги лажирал финансиските извештаи. За исто обвинение Јувентус минатата година беше сериозно казнет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…