Дома Фудбал Лига на шампиони Наинголан пред Ливерпул: Тешко е, но не и невозможно

Наинголан пред Ливерпул: Тешко е, но не и невозможно

Рома и Ливерпул утре на Олимпико ќе го одиграат својот реванш полуфинален натпревар во ЛШ.

На првиот одигран натпревар во Англија славеше Ливерпул со резултат 5:2, меѓутоа и покрај тоа Римјаните веруваат дека можат да направат сензација.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пред натпреварот своите очекувања ги изнесе и Наинголан.

„Тешко е, но не и невозможно. Направивме таков пресврт против Барселона, против Меси и Суарез, кои едвај имаа шут на гол. Ќе се обидеме да направиме уште еден историски подвиг.“ – изјави Наинголан за Тајмс.

Во интервјуто за британскиот медиуми Наиголан откри дека имал понуда да премине во Челси, но сепак, како што рече, на 30. години не бил спремен да размислува за нов почеток.

Да потсетиме, Рома и Ливерпул се на програмата утре со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Семењо влегува во историјата на англискиот фудбал

Антоан Семењо, новото засилување на Манчестер Сити, ќе влезе во историјата на англискиот ф…