Дома Останати Тенис Надал пред финалето: Уживам во ривалството со Новак, тоа ме направи подобар тенисер

Надал пред финалето: Уживам во ривалството со Новак, тоа ме направи подобар тенисер

nadal

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ утре наутро во 9:30 часот по наше време ќе го играат финалето на Австралија Опен.

За Рафа ова ќе биде 25-то финале во кое ќе се брои за 18-тиот трофеј, додека Новак во 24-тото финале ќе се обиде да стигне до 15-тиот.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Ѓоковиќ во Мелбурн одигра шест финалиња и победи на сите шест, додека Надал од пет славеше само на едно.

Овие двајца во финалето на Австралија Опен играа и во 2012 година, тогаш Ѓоковиќ победи во меч кој траеше пет часа и 53 минути. Во овој момент на АТП листата Ѓоковиќ е лидер, додека Надал е веднаш зад него.

Надал пред мечот порача дека ужива во играњето против Ѓоковиќ.

„Уживам во нашето ривалство. Среќен сум затоа што Новак и Роџер ме направија подобар. Играв заедно со двајцата најдобри тенисер во историјата. Сите мечеви со Ѓоковиќ биле возбудливи, сигурно дека така ќе биде и овој пат“, изјави Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Несреќен пораз за македонските тенисерки на Били Џин Кинг купот од Норвешка

Несреќен пораз на македонската женска репрезентација од 2:1 од Норвешка во мечот од 2.коло…