Шпанскиот тенисер Рафаел Надал беше подобар од Мартон Фучович во три сета и со тоа закажа дуел со репрезентативецот на Србија – Новак Ѓоковиќ.
По тој повод тој зборуваше за медиумите на Олимписките игри во Париз. Тоа ќе биде 60-ти дуел на двајцата најдобри тенисери на сите времиња, а Ѓоковиќ моментално води со 30-29 во меѓусебниот скор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Играме во поинаква ситуација од претходно, претходно игравме во завршната фаза на турнирот, борејќи се за важни работи. Не знам на кое ниво можам да бидам“, изјави освојувачот на 14 Грен слем титули на Ролан Гарос.
„Ќе се обидам максимално да му создадам проблеми. Неизвесно е што ќе се случи, но ќе излезам на теренот со правилен став и ако ми дојде инспирација, ќе дадам се од себе да ја направам вечерта посебна. Тоа е натпревар на кој се радувам, но јас сум претпазлив бидејќи не знам на кое натпреварувачко ниво можам да бидам. Уживам во ова искуство“
Надал проговори и за проблеми со препоните.
„Решив да играм откако разговарав со тимот. Работам многу со физиотерапевтот овие денови и ногата се држи. Неизвесно е како мускулот ќе реагира, но се чини дека тоа директно не влијае на моето движење“.