Дома Останати Тенис Надал не е оптимист: Ла Лига е завршена!

Надал не е оптимист: Ла Лига е завршена!

Рафаел Надал за викендот го освои АТП турнирот во Барселона откако во финалето кое траеше три часа и 38 минути го победи грчкиот тенисер Стефанос Циципас со 4:6, 6:7 (6), 7:5.

Освоената титула беше 87. На АТП турнирите во кариерата на Надал, 12. во Барселона, но и прва до која стигна оваа година. Во текот на мечот камерите забележаа и еден интересен разговор помеѓу судијата Мохамед Лахани и Надал. Двајцата разговараа за фудбалот.

Лахани му се обрати на Надал со забелешка дека Реал во саботата одигра 0:0 против Беитс и го праша дали тие два изгубени бода се клучни Реал да остане без титулата на крајот. Надал потврдно кимна со главата, дојде до судијата и му кажа:

„Ла Лига е завршена“.

Реал се уште не ги загубил шансите за освојување на титулата, но еден од најдобрите тенисери на сите времиња не е оптимист. На констатацијата дека клубот треба да купи напаѓач Надал одговори:

„И не само напаѓач“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Луд меч во Токио: Чилиќ дојде до победа откако не искористи 10 меч топки!

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ одигра луд меч на Олимпските игри во Токио. Чилиќ успеа да …