Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во четвртото коло на АО откако го порази Алекс Де Минаур со лесни 3-0 во сетови.
Надал за противник го имаше 19-годишниот Австралијанец кој до сега игрше доста добро на турнирот, но беше немоќен против вториот рекет во светот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанецот на стартот од мечот направи брејк и покажа кој ќе го има главниот збор на овој меч, а првиот сет го доби до 6-1. Другите два сета ги доби со 6-2 и 6-4.
За Надал ова беше 250-та победа на Грен слем турнирите.
Инаку, Надал во четвртото коло ќе игра против Чехот Томас Бердих, кој нешто порано денес го совлада Диего Пвартсман со 3-1 во сетови.
Освен Надал и Бердих до сега од денешната програма понатаму поминаа Тситсипас, Федерер, Димитров, Тиафое и Роберто Баутиста-Агут.ќ