Навивачите на Манчестер Јунајтед планираат протест против сопствениците на клубот, семејството Глејзер пред дербито против Ливерпул.
Манчестер Јунајтед минатата сабота претрпе понижувачки пораз од Брентфорд со 4-0, кој го остави на последното место без ниту еден бод од првите два првенствени натпревари.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Една од навивачките организации на Јунајтед, The 1958, потврди дека планира протест пред натпреварот со Ливерпул на почетокот на следната недела.
„Натпреварот е можност навивачите на Манчестер Јунајтед да се соберат и да го покажат своето неодобрување на постапките на сопствениците. Тие поради нивната алчност систематски ја уништуваат најголемата институција во светот на фудбалот. Не можеме да дозволиме ова да продолжи“, соопштија од фан клубот.
Ова не е прв пат навивачите на Јунајтед вака јавно да го искажуваат своето незадоволство и минатата сезона исто така протестираа за време на дербито со Ливерпул.