Дома Фудбал Англија Навивачите на Јунајтед гласаа кои играчи мора да се продадат, на листата дури осум фудбалери

Навивачите на Јунајтед гласаа кои играчи мора да се продадат, на листата дури осум фудбалери

Манчестер Јунајтед вчера доживеа уште една катастрофа со поразот во гости против Евертон со 4:0.

Црвените ѓаволи одлично играа по доаѓањето на Солскјер на клупата на овој тим, но во последно време тотално потфрлија. Откако испаднаа од ЛШ со убедлив пораз од Барселона, играчите на Јунајтед приредија ново незгодно изненадување за своите навивачи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јунајтед на гостувањето против Евертон доживеа вистинска катастрофа со поразот од 4:0,  а на критика на навивачите се најдоа неколку фудбалери на клубот од Олд Трафорд.

Имено, веднаш после натпреварот е направена анкета за кои играчи мора да се продадат по крајот на сезоната, а на таа листа се најдоа дури осум играчи.

Навивачите со гласањето одлучија дека клубот на лето мора да ги продаде Ерик Бејли, Немања Матиќ, Хуан Мата, Фил Џонс, Ешли Јанг, Алексис Санчез, Матео Дармиан и Маркос Рохо.

Најголемиот дел гласале дека Андер Ерера треба да добие нов договор, исто така и Лукаку мора да остане иако во последно време се шпекулира дека може да го напушти Олд Трафорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…