Oна што во изминатите денови се шпекулираше денес доби и официјална потврда – Марио Манџукиќ е нов играч на Милан.
Манџукиќ во Италија претходно четири ипол години го носеше дресот на Јувентус и за тој период остави длабока трага во срцата на навивачите на Јувентус. Денес кога неговиот трансфер во Милан се официјализираше се огласија фановите на „старата дама“ и испратија специјална порака за нивниот миленик.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Марионе секогаш ќе бидеш во нашите срца поради она што го направи, поради твојата предност и посебниот однос кој го имаше со сите нас. Те сакавме поради борбеноста која ја прикажуваше во секој натпревар. Те сакавме поради стравот кој го предизвикуваше кај секој противник. Долга е листата за работи поради кои те сааме, но навистина сакавме еден таков играч. Меѓутоа, Марионе идните шест месеци ќе бидеш играч на Милан. Ти си професионалец и сакаше да се вратиш во Италија. Не те осудуваме што потпишуваш за нашиот ривал, но нас ќе не боли да те гледаме како противник на теренот и мислиме дека ќе те боли и тебе. Драг Марионе, ти посакуваме се најдобро во овие шест месеци и да ги поминеш во најдобро расположение, но без победи. Твоите навивачи на Јувентус“, стои во пораката.
Манџукиќ не можеже да не реагира и се заблагодари на оваа порака.