Дома Фудбал Италија Навивачите на Јувентус бараат Игуаин да остане (видео)

Навивачите на Јувентус бараат Игуаин да остане (видео)

Навивачите на Јувентус утрово се собраа пред тренинг центарот за да ги поздрават фудбалерите пред почетокот на подготовките.

Најголеми овации доби Гонзало Игуаин, кој последната година ја помина на позајмица во Милан и Челзи, но сега повторно се врати во Јувентус.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Гонзало, остани со нас“, скандираа навивачите на „старата дама“.

И покрај фактот што Аргентинецот е миленик на навивачите, тешко дека ќе остане во Јувентус, бидејќи за него нема место во нападот.

Јувентус сака да го продаде што побрзо, а најсилен интерес за неговиот потпис покажува Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хаос на натпреварот на Интер Мајами: Навивач влезе на теренот, Меси беше турнат на земја!

Хаотични сцени се случија за време на пријателскиот натпревар што Лионел Меси го одигра со…