Навивачите на Црвена Звезда не можат да присуствуваат вечерва во Белград на натпреварот со Интер, но пристигнаа во Милано да им дадат поддршка на фудбалерите.
Ултрасите на Звезда се појавија во хотелот каде што се сместени фудбалерите и одржаа говор.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
„Тргнете ги тие намрштени лица. Овие луѓе поминаа 2.500 километри да ви дадат поддршка, а утре нема да можат да влезат поради полицијата. Нема од што да се плашите, да не се плашеше цела Италија од Звезда и нејзините навивачите, сега тука ќе имаше 5000-6000 луѓе. Знаете да играте фудбал и ние сме тука колку можеме“, порача водачот на навивачката група.
Сезонава Звезда повторно ќе гостува во Милано бидејќи за противник го доби и тимот на Милан со кој исто така ќе одигра еден натпревар како гостин.