Дома Фудбал Италија Навивачите на Аталанта се херои во Бергамо: Собираа пари, делат лекови и храна, а сега ќе градат и болница!

Навивачите на Аталанта се херои во Бергамо: Собираа пари, делат лекови и храна, а сега ќе градат и болница!

Не е дека фудбалските навивачи се само хулигани, тоа го докажуваат фановите на Аталанта кои му помагаат на својот град во едни од најтешките денови низ неговата историја

Бергамо е најпогодениот град од Ломбардија, секојдневно има голем број жртви од коронавирусот. Градоначалникот на Аталанта денес потврди дека „биолошката бомба“ експлодирала на натпреварот Аталанта – Валенсија, скоро сите 40.000 фанови на Аталанта кои биле во Милано се вратиле во градот со Ковид-19 и тука започнала катастрофата.

Инаку, Аталанта баш пред овие тешки моменти ја играше најдобрата сезона во клупската историја и избори пласман помеѓу најдобрите осум екипи во Европа.

Сега навивачите се обидуваат на секаков начин да помогнат на својот град. На почетокот собраа 50.000 евра како помош, а освен тоа секојдневно делат храна и лекови низ градот. Сега се решија на нов чекор тие ќе изградат привремена болница за луѓето кои се погодени од коронавирусот.

Ова е потег кој заслужува респект, во тешки денови ни покажуваат како треба да се однесуваме сите кон нашиот град или држава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ѕвездата на Челзи со еден потег ги налути сите, Лампард му даде „исписница“

Еден од најлошите поединци за Челзи во дуелот со ВБА секако беше Маркос Алонсо, кого Лампа…